Дембеле во аут до крајот на сезоната

Барселона останува во финишот на сезоната без францускиот интернационалец Осман Дембеле. Тој го повреди бутниот мускул на десната нога на натпреварот против Селта и мораше да биде заменет уште на самиот старт. Лекарските прегледи покажаа дека Дембеле ќе мора да паузира околу три седмици, што значи дека тој нема да му биде на располагање на тренерот Ернесто Валверде за реваншот против Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите, но и до крајот на првенството во Ла Лига. Барселона е веќе шампион, па тоа и нема да биде голем хендикеп.

Неизвесно е дали Дембеле би се опоравил навреме и за финалето на Лигата на шампионите, кое е закажано за 1 јуни на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Сигурно ќе го пропушти и финалето на Купот на Шпанија против Валенсија на 25 мај во Севилја.

Се вчитува...