Демонстрација на силата на МЗТ, но за АБА1 ќе треба и полна сала (фотогалерија)

МЗТ Скопје е поквалитетен тим од Спарс и тоа вечерва го докажа во голем стил, водејќи од првата до последната минута и во ниту еден момент не дозволувајќи им на гостите да се понадеваат на сензација и реванш за поразот во Сараево. „Металците“ покажаа зрелост како и на речиси сите домашни натпревари сезонава, аеродромци се израдуваа на пласманот во големото финале од АБА2, но факт е дека за триумф над Приморска (како што стојат работите, словенечкиот тим ќе биде ривалот на МЗТ во финалето) ќе биде неопходна и уште поголема поддршка од трибините.

„Не е исто на концерт да се пее пред полни и пред празни трибини“ – порача вечерва и тренерот Кочов.

И навистина, не е сеедно дали и догодина ќе се игра против Динамик, Спарс и Рогашка или во Аеродром повторно гости ќе бидат Црвена Звезда, Партизан, Цедевита, па можеби дури и Олимпијакос.

Се вчитува...