Денеска почнува Вимблдон, Ѓоковиќ ја брани титулата во Лондон!

Вимблдон најверојатно ќе биде последниот Грен слем турнир во 2022 година за Новак Ѓоковиќ, затоа што Србинот нема да може да игра на Отвореното првенство на САД, откако тој и официјално не добил ниту една вакцина против Ковид-19 и не може да влезе во САД како невакциниран странец.

Ѓоковиќ ќе ја има честа да го отвори централниот терен како бранител на титулата. Тој е носител број 1 и ќе се кандидира за четврта последователна титула во „Ол Ингланд“ клубот и седма во генералниот пласман.

Инаку, годинава публиката конечно се враќа на трибините во полн капацитет. Ова значи дека ќе бидат отворени и сите терени, но и враќање на редот за луѓето кои сакаат да кампуваат за да се обидат да набават билети, две години откако пандемијата на коронавирус доведе до целосно откажување на Вимблдон.

Новак Ѓоковиќ за свој прв противник ќе го има Сунву Квон, меч закажан за денеска со старт од 14.30 часот.

Се вчитува...