Дени Илиев го испроба Мустафи на голот на Арсенал (ФОТО)

Македонскиот интернационалец Дејан Илиев со сениорскиот тим на Арсенал се наоѓа во Азербејџан, каде вечерва го одработи и официјалниот тренинг со „топчиите“ во пресрет на утрешниот меч против Карабах во Лигата на Европа. Менаџерот Унаи Емери го повика Илиев за ова гостување, а тој ужива во друштвото на останатите ѕвезди од тимот и се обидува да се наметне.

Во еден момент од тренингот, Илиев го испроба и Шкодран Мустафи, колку знае да брани…Тој облече голмански ракавици на шега и покажа дека умее и да биде на голот…

Се вчитува...