Дени Илиев со Арсенал во Баку за мечот од Лигата на Европа против Карабах

Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев отпатува со Арсенал во Баку за утрешниот натпревар на „топчиите“ против азербејџански Карабах во Лигата на Европа.

Илиев доби повик од Унаи Емери да биде дел од тимот за натпреварот од Лигата на Европа откако претходно се повреди првиот голман Петар Чех.

На мечот против Карабах се очекува да брани Бернд Лено, а во Азербејџан, покрај Илиев, е уште еден голман, Аргентинецот Емилијано Мартинез.

Се вчитува...