Денвер поразен од Чикаго, Оклахома продолжува да „гази“ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс го забележаа третиот пораз сезонава во НБА лигата откако синоќа во еден интересен натпревар загубија на домашен терен од Чикаго булс со 127-130.

Недоволна за Нагетс беше новата трипл-дабл партија на Никола Јокиќ кој натпреварот го заврши со 36 поени, 18 скока и 13 асистенции. Кај победникот Џош Гиди заврши со 21 поен.

Актуелниот шампион Оклахома сити тандер продолжува да гази се пред себе. Овојпат настрада Њу Орлеанс пеликанс кого го совладаа со 109-126. Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Кливленд – Милвоки 118-106, Детроит – Индијана 127-112, Филаделфија – ЛА Клиперс 110-108, Мајами – Њујорк 115-113, Торонто – Шарлот 110-108 и Минесота – Далас 120-96.

Се вчитува...