Дерби без голови на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед и Челси ремизираа 0-0 во дерби-дуелот од новото премиерлигашко коло, пресметка во која и двата тима создадоа шанси во противничкиот шеснаесетник, но не успеаја да ги совладаат Менди и Де Хеа.

Солскјер се реши за нешто подефанзивна стартна формација, со Рашфорд како класичен напаѓач помогнат од Џејмс и Фернандеш, додека кај Челси Вернер ја имаше најистурената улога во нападот, помогнат од Пулишиќ и од Хаверц.

Кавани влезе во игра во второто полувреме и со првиот допир за малку ќе постигнеше гол (биеше сантиметри крај голот), а најубавата шанса во самиот финиш ја имаше Рашфорд, чиј удар до дваесетина метри голманот Менди со крајни напори го одбрани, помагајќи му на Челси да освои еден бод на овој дерби-натпревар.

Се вчитува...