Дербито меѓу Јунајтед и Ливерпул доби нов датум

Одложениот дерби натпревар меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул кој поради протестите и упадот на „Олд Трафорд“ на навивачите на „црвените ѓаволи“ не се одигра во неделата доби нов датум.

Двата најголеми ривали во англискиот фудбал одложениот меч ќе го одиграат на 13. мај со почеток во 21:15 часот.

 

 

Се вчитува...