Дербито Воска – Пелистер поради Вучиќ и Курти одложено за во среда

Дербито од 21. коло во Втората македонска фудбалска лига меѓу Воска Спорт и Пелистер доби нов термин. Натпреварот кој требаше да се одигра в сабота (19 март) на стадионот „Билјанини Извори“ е одложен, и на барање Министерството за Внатрешни работи и СВР Охрид истиот е презакажан за на 23 март (среда) од 15 часот. Информацијата ја потврди битолски Пелистер, кој најверојатно и на оваа средба ќе добие голема поддршка од своите најверни фанови „Чкембарите“.

„Ве известуваме дека по барање на Министерството за Внатрешни работи и СВР Охрид комисијата за натпревари на ФФМ направи промена на терминот за во среда 22.03.2023 година“, се вели во објавата на битолскиот клуб.

Двата тима одлично ја започнаа пролетната полусезона и останаа во трката за промоција во елитата. По 20 одиграни кола Воска е на втората позиција со 47 бода, додека Пелистер е на четвртата позиција со четири бода помалку.

Се вчитува...