Десет метри, жив ѕид… не е проблем – гол за победа

Супер-драматична беше завршницата на синоќешниот дуел од ракометната Лига на шампиони меѓу Динамо Букурешт и Шафхаузен, во кој романскиот првак триумфираше со 29-28 буквално со гол во последната секунда.

Имено, резултатот беше израмнет, времето истечено, а на Романците им остана само уште да изведат удар од десет метри. Езтеки ја презеде одговорноста – испрати „бомба“ кон голот на швајцарскиот состав – за ерупција од воодушевување меѓу домашните навивачи и неговите соиграчи.

Се вчитува...