„Десетка“ на Димитријевиќ во новата победа на Валенсија

Валенсија и покрај огромните проблеми со повредени кошаркари успеа да стигне до триумф на незгодното гостување против Бургос (65-69).

Ненад Димитријевиќ презеде одговорност во ситуација кога повредени се Дубљевиќ, Тоби и Препелич, па токму македонскиот интернационалец беше еден од лидерите на Валенсија во оваа победа.

Тој и покрај проблемите со личните грешки мина на теренот 22 минути, период во кој реализираше десет поени и имаше и шест асистенции и два скока. Најефикасен во таборот на Валенсија беше Лабери, остварувајќи дабл-дабл од 16 поени и 11 скока.

Се вчитува...