Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, нагласи дека неговиот тим е обединет и мотивиран како никогаш досега, но не сакаше да зборува за потенцијалното четвртфинале на Мундиијалот.
Фудбалерите на Франција ја победија Шведска со 3-0 во 1/16-финалето на Светското првенство во Њу Џерси и се пласираа во осминафиналето, каде што ќе играат против Парагвај во сабота во 23 часот.
Дуелот го одбележа Килијан Мбапе, а по натпреварот, францускиот напаѓач и селекторот Дидие Дешамп се прегрнаа на теренот, по што им се придружија и останатите од репрезентацијата.
„Оваа група е обединета и покажа квалитет дури и кога не бев со тимот минатата недела. Тимскиот дух сам по себе не носи победи, но знам дека без него може да се изгубат натпревари. Силата на колективот е пред сè“, рече Дешамп.
Франција ќе игра против Парагвај во осминафиналето, а со евентуална победа би добила четвртфинален дуел со победникот од средбата помеѓу Канада и Мароко.
Дешамп, сепак, не сакаше да зборува за далечниот пласман.
„Полека. Секогаш има простор за подобрување и не треба да мислиме дека сè е совршено. Стигнавме до осминафиналето и треба да го цениме тоа. Направивме што беше потребно, иако игравме малку плашливо во првите 15 минути. Можевме да бидеме поефикасни во првото полувреме, но ова е само почеток. Мора да останеме смирени“, рече францускиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
