Дешамп шкрт на зборови: Понатака што и да направиме, и ова е успех!

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп сосема очекувано не го криеше задоволството од триумфот против Уругвај од 2-0 во четвртфиналето и пласманот на неговата селекција меѓу најдобрите четири во Русија.

Но, Дешамп очигледно и не беше многу расположен за разговор по мечот…

„Горд сум на моите играчи, горд сум што сум Французин. Што и да се случи понатака на првенството, ова нема да биде неуспех. Не ми е воопшто важно со кого ќе играме во полуфиналето. Ви благодарам“ – рече по четвртфиналето Дешамп.

Противник на „петлите“ во полуфиналето ќе биде подобриот од пресметката меѓу Бразил и Белгија која стартува од 20 часот.

Се вчитува...