Дешамп: Жиру 360 минути не шутнал на гол, но пак ќе игра против Белгија

За Дидие Дешамп нема никаква дилема кога станува збор за изборот на напаѓачи, крај незаменливите Гризман и Мбапе рамо до рамо е и Оливие Жиру. Голгетерот на Челси не е премногу расположен за тресење на противничките мрежи, за 360 минути на овој мундијал нема ниту шут во рамките на голот на ривалите, но Дешамп уште еднаш потенцира дека неговата улога е многу повеќе од давање на голови.

„Жиру не давал голови? Тоа не менува ништо, тој пак ќе игра, ќе биде стартер и против Белгија. Имам кажано во неколку наврати, ќе повторам, играта на Жиру за нас не се отсликува само со бројот на голови, тој помага во одбраната, исто така и отвора простор за останатите напаѓачи. Јас сум задоволен од сето она што Жиру досега го прикажа на овој шампионат“ – истакна Дешамп.

Самиот фудбалер се надева дека мундијалскиот пост ќе го прекине токму против Белгија, на чиј гол се наоѓа неговиот клупски колега Тибо Куртоа.

„Не сум нервозен поради бројките, учествував во три наши гола на ова СП, но во секој случај ќе се чувствувам подобро кога самиот би ја затресол противничката мрежа. Куртоа е одличен голман, има пред себе извонредни дефанзивци, но убеден сум дека ќе најдеме простор, ќе создадеме шанси и ќе постигнеме барем еден гол“ – изјави Оливие Жиру.

Се вчитува...