Американскиот кошаркар Дешон Томас одлучи да ја заврши својата играчка кариера на 34-годишна возраст. Томас го објави крајот на својата кариера со емотивна порака на социјалните мрежи.
Во Европа, тој започна во Нантер во Франција, а потоа играше за екипи од Евролигата како што се Панатинаикос, Барселона, Анадолу Ефес, Милан, Баерн и Макаби Тел Авив.
Најголемиот успех го постигна играјќи за атинските „Зелени“, со кои двапати беше шампион на Грција, а го освои и Купот на Грција.
По 12 години, тој реши да стави крај на својата кариера и да се збогува со професионалното играње.
„Кошарката за мене беше повеќе од игра, таа беше мој начин на живот, моја основа и мој пат напред. Не ја играв само за себе. Играв за моето семејство, за иднината што сакав да ја изградам“, напиша Томас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

