Деспотовски: Наша цел е повторно да бидеме во врвот во Европската лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за новотo издание на Европската сребрена лига. „Црвено-жолтите“ веќе осми ден се на подготвки во Маврово каде ја темпираат формата за предизвиците кои ги очекуваат летово.

Еден од најискусните во репрезентацијата Филип Деспотовски вели дека цел на репрезентацијата е да биде во врвот во Европската лига.

„Подготовките се одвиваат во најдобар ред иако сме подмладени. Но сите тренираат добро и придонесот на помладите е значаен за да се подготвиме добро за нашата цел, а тоа е повторно да бидеме во врвот на Евролигата.Првите контроли ќе ни покажат како да ја дополниме формата, односно кои ситници треба да ги поправиме“, вели еден од најискусните во репрезентацијата. 

Во Европската сребрена лига 2022 година, Македонија е во група со БИХ, Албанија и Романија. Првите две селекции ќе обезбедат пласман на завршниот турнир во Будимпешта.

Се вчитува...