Деспотовски: Црна Гора не е силна како Данска, но ние не смееме да се опуштиме

Филип Деспотовски одигра одличен натпревар во првото коло против Данска, а се очекува искусниот одбојкар да продолжи во ист стил и на денешниот дуел со Црна Гора.

Влогот е огромен, победа ќе значи речиси сигурен пласман во следната рунда, но Деспотовски е оптимист дека со добра игра и помош од публиката нашиот национален состав ќе успее да обезбеди историско осминафинале на еден европски шампионат.

„Мислам дека Црна Гора не е толку силен противник како Данска. Како стил на игра не практикуваат премногу брзи акции, имаат млади техничари, но никако не смееме да се опуштиме, мораме да влеземе силно од првиот поен за да стигнеме до победата. Имавме одлична тактика за Данците, ги прочитавме целосно, тие ги направија нивните грешки кои се вообичаени, ние одигравме колективно и квалитетно кога беше најважно и триумфиравме. Сега треба истото да го повториме и против Црногорците“, изјави Деспотовски.

Се вчитува...