Детали од тунелот на „Сан Сиро“: Лукаку со жестоки закани кон Ибра – „Ќе ти пукам во глава, верувај“

Жестокиот судир меѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромел Лукаку го одбележа дуелот меѓу Милан и Интер во Купот на Италија. Се почна со еден прекин пред крајот на првото полувреме кога Ибрахимовиќ спомна „вуду-магија“ што го налути Лукаку.

По бројни меѓусебни вербални напади, и двајцата добија жолт картон, а караницата ја продолжија и на патот кон соблекувалната.

Според информации кои ги објавија италијанските медиуми напаѓачот на Интер на Ибрахимовиќ на патот кон соблекувалните му се заканувал и со смрт.

„Сакаш да зборуваш за мојата мајка, ти курвин сине? Ќе ти пукам во глава, верувај“ – била заканата која Лукаку му ја упатил на Ибрахимовиќ.

Но, со стартот на второто полувреме се изгледаше нормално. Главите се оладиле, а на крај причина за славје имаше Лукаку откако Интер славеше а тој постигна гол од пенал. Ибрахимовиќ, пак на стартот од второто полувреме доби втор жолт картон и исклучување.

Се вчитува...