Детонит Плачковица триумфираше против косовски Феризај на тестот во Дојран

Второлигашот Детонит Плачковица триумфираше против косовски Феризај со 1-0 на пријателскиот натпревар кој се одигра во Дојран.

Тренерот Иван Варадиновски им даде шанса на сите расположиви сили, на дуелот на кој радовишани до триумфот стигнаа со погодокот на Аделин Ќазимов.

Детонит Плачковица мечот го започна во следниот состав: Ѓоргиев, Бабунски, Радевски, Велиновски, Димовски, Јусуф, Стојов, Настевски, Коцев, Смилков и Димовски, а уште играа и С. Јанев, Алексовски, Г. Јанев, Мирчевски, Ќазимов, Антонов, Василев и Тодоров.

Следен контролен натпревар за Детонит Плачковица ќе биде против Кожуф на 28. јануари, потоа следува тестот со прволигашот Тиквеш на 4. февруари, на 8. февруари е контролката со Сремска Митровица, а за 12. февруари е закажана „генералката“ со Академија Пандев.

Се вчитува...