Поголемиот дел од европските медиму пренесоа дека ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала повторно е позитивен на коронавирусот.
Меѓутоа неговата девојка Ориана Сабатини сето тоа го негираше.
„Пауло не е позитивен. Треба да направи следно тестирање, па ќе видиме. Не знам која будала измисли таква информација. Им соопштивме на сите кога бевме позитивни, и ќе им соопштиме на сите и кога последниот тест ќе биде негативен“ – вели Ориана, и дополнува:
„Мојот тест е негативен. Сега на ред е и Пауло да направи тест“.
Дибала е еден од тројца фудбалери на Јувентус кои беа позитивни на Ковид-19. Пред него успешно се опоравија Даниеле Ругани и Блеис Матуиди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА