Неговата девојка открива и некои морбидни детали за периодот пред самоубиството…
„Ден пред самоубиството испи малку повеќе и веќе чувствував дека нешто може да се случи. Веднаш го смирив и го однесов во кревет да спие. Но, останавме и долго зборувавме. Кога се разбудивме повторно почна да пие. Цел ден зборувавме, и зборувавме но тој и натаму постојано беше нерасположен. Требаше вечерта да одам на свирка, но кога видов дека покрај себе држи пиштол го молев пиштолот да го врати во ранец. Не ме слушаше, па и се јавив на неговата мајка да поразговара со него. Таа ми рече слободно да одам да ја завршам мојата работа а тој ако сака нека пие, но да го врати пиштолот. Потоа го молев да дојде со мене на свирка, и отидов во тоалет да се подготвам. И тогаш во еден момент слушнав како го репетира пиштолот. Но, не стигнав ништо ниту да проговорам, слушнав пукот и ги видов неговите нозе. Неколку пати го протресов и избезумена истрчав надвор од станот повикувајќи за помош. Се јавив на брза помош, а тие повикаа полиција. Тоа беше се. Имавме многу планови за иднина. Никој не може да знае зошто се самоуби. Мислам дека депресијата го направи своето“ – раскажува Ивана Станиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА