„Дежа-ву“ – Франција со иста рецепта ја совлада и Италија

Француската кошаркарска репрезентација има неверојатна среќа на овој шампионат, откако на ист начин како во осминафиналето против Турција, така славеше и против Италија во четвртфиналето по продолженија со 93-85.

Французите фуриозно го отворија натпреварот. Погодуваа шутеви за три поени од сите позиции и брзо стигнаа до водство од плус девет 13-4. До крајот на првите десет минути нивната предност изнесуваше 27-20. Во втората четвртина потврдија и двете репрезентации. Двата тима постигнаа по само 11 поени, па на пауза Франција ја задржа предноста од првите десет минути 38-31.

Во третиот период повторно почна лудата игра на Италијанците. Постигнаа неверојатен 31 поен, а во 29. минута за првпат стигнаа до водство 56-57. До крајот на третиот период нивната предност изнесуваше 56-62. Томас Ертел постигна тројка за 59-64 и го прекина осум минутниот пост на Французите во кој не постигнаа ниту еден поен. Фонтекио ја водеше Италија во следниот период и на две минути до крај „аѕурите“ стигнаа до плус седум 68-75.

Франција повторно се врати во игра и на 40 секунди до крајот Италија имаше само плус два (75-77). Фонтекио имаше две слободни фрлања на 16 секунди кои не успеа да ги реализира исто како и Џеди Осман во осминафиналето. Ертел успеа да израмни на 77-77 на пет секунди до крај, а Италија во последниот напад не реализираше преку Фонтекиот па натпреварот замина во продолженија.

Италијанците психолошки паднаа во продолжението, а тоа го искористија искусните Французи за конечен триумф од 93-85.  Томас Ертел со 20 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај Италијанците Спису и Фонтекио запишаа по 21 поен.

Се вчитува...