Џабе е и ‘волшебникот’ Леброн Џејмс… Бостон повторно незадржлив! (ВИДЕО)

Бостон синоќа славеше против Кливленд со 107-94 па на тој начин поведувајќи со 2-0 во финалето на Источната конференција.

Според почетокот на мечот се чинеше дека Кливленд ќе дојде до брејк во „ТД Гарден центарот“, но на крајот не се случи тоа. Леброн Џејмс феноменално отвори со 21 поен од вкупно 27 поени на Кливленд во првата четвртина. До полувремето одржуваа предност гостите и пред одморот стигнувајќи до водство од 48-55 со дури седум погодени тројки.

Но, Бостон се разбуди вистински во третата четвртина на крилјата на Тери Розие. Следи пресврт и во последната четвртина домашните влегуваат со предност од 84-77. После тоа враќање за Кливленд немаше, па Бостон заокружи нова победа за водство од 2-0 во финалната серија.

Најефикасен во победничкиот тим беше Џејлен Браун со 23 поени, Тери Розие постигна 18 поени а Ал Хорфорд имаше „дабл-дабл“ ефект од 15 поени и 10 скока.

Кај Кливленд недоволен беше „волшебнико“ Леброн Џејмс кој запиша нов „трипл-дабл“ од 42 поени, 12 асистенции и 10 скока. Кевин Лав мечот го заврши со 22 поени и 15 скока.

Финалната серија сега продолжува во Кливленд.

Се вчитува...