„Џабе“ парите: Четвртиот најскап играч на сите времиња осум месеци не знае за гол

Атлетико Мадрид пред две години го осигура потписот на мега талентираниот Жоао Феликс на седум години во трансфер вреден 126 милиони евра, но португалскиот бисер не ги исполни очекувањата и не тргна по стапките на Кристијано Роналдо.

Феликс, кој воедно е и четвртиот најскап трансфер во историјата на фудбалот по Нејмар, Мбапе и Кутињо оваа сезона ја започна рехабилитирајќи се од повреда, но во последно време го најде своето место во почетната постава на Диего Симеоне.

Но, со поголемата минутажа не стигнаа и головите па голгетерската агонија која трае уште од 25. коло претходната сезона се искачи на неверојатни осум месеци без постигнат погодок во противничката мрежа. Шансата за прекин на оваа серија Феликс ќе ја има за два дена против Реал Бетис.

Се вчитува...