Џејлен Џонсон со четири рекорди во една ноќ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Атланта триумфираа на гостувањето против Јута со 122-132 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

Џејлен Џонсон се запиша во историјата со неверојатни бројки, соборувајќи четири свои рекорди во една ноќ. Натпреварот го заврши со 31 поен, 18 скока, 14 асистенции и седум украдени топки, при што во секоја од споменатите категории го собори својот личен рекорд.

Кај Атланта, најефикасен беше Оконгву со 32 поени. Во останатите два натпревари, Торонто славеше против Кливленд, а Феникс ја победи Индијана.

Се вчитува...