Џејми Варди со стил се прости од својот Лестер (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лестер експресно се вратија во Премиерлигата по една сезона во понизок ранг и тоа како првопласирани во Чемпионшип. Предводник на овој тим кој во 2016 беше и шампион на Англија повторно беше Џејми Варди.

Тогаш, шампионската генерација се растури, а Варди иако имаше богати понуди од европските гиганти, сепак, одлучи да остане верен на Лестер, со што го заслужи статусот на легенда и икона на клубот. На последниот натпревар против Блекбурн, Џејми Варди беше заменет во 78. минута и беше поздравен со овации од публиката, со оглед на тоа дека неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона и веројатно нема да биде продолжен.

Се вчитува...