Кошаркарите на Хјустон ја декласираа Јута со 110-96 во првиот натпревар од полуфиналната серија на Западот. Хјустон на крилјата на Џејмс Харден дојде до убедлива победа против екипата која е ослабена поради неиграњето на Рики Рубио.
Единственото водство гостите го имаа на самиот почеток (2-4), а потоа до крајот домаќинот имаше комплетна контрола на играта и резултатот. На полувремето со предност од дури и 25 поени (64-39), сето тоа рутински одржувајќи го во вториот дел.
Џејмс Харден мечот го заврши со 41 поен, 7 асистенции и 8 скока. Го следеше Крис Пол со 17 поен и шест асистенции, додека Капела имаше 16 поени и 12 скока. На спротивната страна Краудер постигна 21 поен, колку што имаше и Мичел.
Вториот натпревар се игра во четврток (3. мај), исто така во Хјустон, по што се серијата се сели во Јута. Победникот од овој дуел во финалето ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Голден стејт и Њу Орлеанс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА