Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер по бројот на одиграни натпревари во Премиерлигата.

По само неколку месеци, тој се враќа во фудбалот, односно во клубот со кој освои се, Ливерпул. Милнер се приклучи на Академијата на Ливерпул и го продолжува својот тренерски развој и едукација. Соработката не е официјална во смисла дека Милнер е постојан член на стручниот штаб  тој е таму за да стекне искуство, но и за да го прави она што го правеше како играч на „црвените“, да го пренесува своето искуство на помладите генерации.

Засега тој работи со момчиња на возраст до 11 години, но според договорот, во наредниот период ќе работи и со постари групи. Милнер одамна најавуваше дека се гледа себеси во тренерските води. Во моментов поседува УЕФА А-лиценца и работи на стекнување на Про-лиценца.

Се вчитува...