Џеко и одговори на американската новинарка: „Тоа говори за вас, а не за нас!“ (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина против домаќинот САД го очекува својот натпревар во осминафиналето на Светското првенство 2026.

Пред дуелот кој се игра престојнава ноќ, од 02 часот, јавноста на Балканот, а секако пред се во БиХ, беше вчудоневидена од ароганцијата на новинарката на Еј-би-си, Абигејл Велез.

„Репрезентацијата на САД ќе игра против Босна и Херцеговина следната среда. Знам едно за Босна – дека не знам ниту да ја најдам на мапа. Не знам ништо за Босна и не сакам да знам. Бидејќи САД се вратија фудбалски и се подобри од кога било. Подготви се, Босна, бидејќи не го сакаш тоа што ќе ти се случи. Не го сакаш така, но ќе го добиеш“ – рече Велез како најава за натпреварот на САД со БиХ.

Денеска, капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, пред американските медиуми ги коментираше изјавите на американската новинарка…

„Тоа повеќе кажува за неа отколку за нас. Сега е важен натпреварот со САД. Не мислам дека ќе нè потценат. Американците знаат дека имаме свои квалитети, а ние самите го знаеме тоа. Вие сте фаворити, но нокаут фазата е сосема поразлична од групната фаза“ – рече Џеко.

Новинарката во меѓувреме се извини

„Во лош обид да се пошегувам малку за Светското првенство, отидов предалеку и дадов непромислен и несоодветен коментар во етерот. Им се извинувам на луѓето од Босна и на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. Светското првенство треба да ги обедини заедниците низ целиот свет, а мојот коментар не го одразуваше тој дух. Им посакувам на сите национални селекции многу среќа додека го продолжуваат своето патување на Светското првенство“, објави американската новинарка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Abigail Vélez (@abc7abigail)

Се вчитува...