Џеко: Не е важно што зборуваат т.н. „експерти“!

Kапитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко се обрати на медиумите пред натпреварот од 1/16 финалето со САД.

Уште на почетокот, тој истакна дека не е сигурен дали ова е најголемиот натпревар во историјата на националниот тим.

„Во однос на Светското првенство, тоа е сигурно најголемиот бидејќи за првпат сме во нокаут фазата. Ова е нешто ново за тимот, особено за овие млади играчи и, на крајот на краиштата, за мене. Сите зборуваат за БиХ и мислам дека тоа е најдобро за сите нас, тоа е она што ја промовира нашата земја. Имаме можност против САД да се обидеме да го направиме она што најдобро го знаеме. Сигурно нема да биде лесен натпревар, Американците се добар, брз и организиран тим. Иако нема да биде лесно, БиХ не е таму случајно. Свесни сме, веруваме во себе, како што беше случајот против Велс и Италија“, рече Џеко.

Џеко не мисли дека американските играчи ги потценуваат.

„Ги гледав изјавите на нивните играчи и не нè потценуваат. Верувам дека нема да нè потценат без оглед на тоа што велат таканаречените експерти, бидејќи ако го разбираа фудбалот, сигурно немаше да даваат такви изјави. Тоа го кажаа Германците за Парагвај и беа елиминирани. Токму затоа фудбалот е најубавиот спорт на светот. Тие се фаворити затоа што се домаќини и одиграа добри натпревари во групната фаза, но и ние се прашуваме нешто“, рече искусниот центарфор.

Конечно, Џеко имаше порака за своите помлади соиграчи.

„Ја постигнавме нашата прва цел, а тоа е да стигнеме до нокаут фазата. Цела Босна и Херцеговина е горда на нас, а и ние сме горди на она што го направивме. Сепак, мислам дека овој тим сè уште не го покажа својот максимум, особено на ова Светско првенство. Сите сме подготвени и свесни што значи оваа игра. Ќе дадеме се од себе, па што и да се случи, ќе се случи“, рече Џеко.

Се вчитува...