Џеко со емотивна порака до навивачите на БиХ: Пресреќен сум и горд…

Капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко, се огласи по големата победа над Катар и пласманот на „змејовите“ во нокаут фазата на Светското првенство, испраќајќи емотивна порака до навивачите.

На натпреварот против Катар, Џеко го имаше својот јубилеен 150. настап во дресот на Босна и Херцеговина, со што дополнително го зацврсти статусот на најголема легенда на тамошниот национален тим. На социјалните мрежи, тој им се заблагодари на сите што беа со тимот на патот кон големиот успех.

„Секој настап за Босна и Херцеговина носи посебна тежина, а 150. има значајно место во моето срце. Пресреќен сум и горд што освоивме место меѓу 32. најдобри репрезентации во светот. Благодарност до сите што веруваат во нас. Ова е успех на целиот тим и на сите наши навивачи“, рече Џеко.

Капитенот на БиХ го достигна големиот јубилеј по 19 години играње за националниот тим, откако дебитираше во јуни 2007 година. На 150 настапи, постигна 73 гола и енеприкосновен рекордер на Босна и Херцеговина по бројот на одиграни натпревари и бројот на постигнати голови.

Се вчитува...