Џеко: Веќе нема да шутирам пенали

Рома успеа да слави на гостувањето против Кротоне со 0-2, босанскиот интернационалец Един Џеко се запиша меѓу стрелците, но претходно не успеа да искористи удар од белата точка. По ова, Џеко истакна дека следниот пат ќе остави некој од соиграчите да биде изведувач на пеналот за „римската волчица“.

„Не го реализирав пеналот. Но, среќен сум што потоа постигнав гол од игра и пред се поради триумфот на Рома. Сепак, следниот пат изведувањето на ударите од белата точка ќе ги оставам за некој друг фудбалер“, изјави Един Џеко.

Рома се наоѓа на втората позиција на табелата во Серија А, со 53 освоени бода.

Се вчитува...