Џеко во 90-тата минута донесе победа за Интер (ВИДЕО)

Един Џеко е херојот на Интер, кој погоди во 90-та минута во дуелот со Венеција, и донесе триумф за лидерот на табелата во Серија „А“.

Венеција имаше водство со голот на Анри во 19. минута. Но Барела во 40. минута успеа да израмни. Долго време Интер го бараше патот до голот и до пресвртот, но го најде дури во последната, 90-та минута преку Един Џеко за важни три бода со кои Интер ја зголеми предноста пред Милан на табелата на пет бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...