Џенова и Удинезе одиграа без голови, Пандев и Нестор останаа на клупа

Мечот меѓу Џенова и Удинезе заврши без голови во својот меѓусебен натпревар и во меч на кое деби имаше новиот тренер на Џенова, Блесин.

Иако имаше повеќе од играта и од шансите, сепак, тимот на Џенова не успеа да го најде патот до мрежата. Од друга страна, пак, Удинезе не упати ниту еден директен удар кон голот на Џенова.

Пандев и Несторовски, двајцата македонски интернационалци, останаа на клупата за резерви.

Се вчитува...