Џерард седнува на клупата на лутиот ривал?

По неочекуваното заминување на Карло Анџелоти од редовите на Евертон, клубот од Ливерпул е по потрага по нов тренер кој ќе го води тимот кон излез во Европа, а првa опција за „карамелите“ е Стивен Џерард, пренесуваат англиските медиуми.

Англискиот стратег имаше феноменална сезона во редовите на Ренџерс каде го предводеше клубот до прекин на десетгодишната доминација на Селтик, одлично се претстави и во Лига Европа, па тоа е мотив за раководството на Евертон да се обиде да го доведе миленикот на навивачите на Ливерпул во своите редови.

Четириесетиеден годишникот речиси целата своја играчка кариера ја помина на „Енфилд“, започнувајќи од младинските селекции па се до 2015 година кога на залез на својата кариера замина во Лос Анџелес каде го носеше дресот на Галакси.

Се вчитува...