Џерард: Суарез знаеше да ве засрами, Карагер имаше голем страв од него!

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, никогаш не криел дека Луис Суарез е еден од најдобрите играчи со кои имал можност да игра.

Луис Суарез три и пол години играше на „Енфилд“, на 110 натпревари постигна 69 голови. Потоа се пресели во Барселона. Со Ливерпул освои само еден трофеј во Лига купот.

„Имав можност да играм со неколку фантастични фудбалери како Чаби Алонсо, Хавиер Маскерано, Фернандо Торес, но Луис Суарез нешто посебно. Тоа едноставно се чувствуваше без оглед на тоа против кого игравме. Таков беше и на тренинзите. Еднаш кога заедно со Џејми Карагер си одевме дома ми кажа дека дека Луис е многу добар играч и дека не сака на секој тренинг да игра против него. Тој имаше оправдан страв, бидејќи Луис можеше да ве посрамоти пред соиграчите, а мислам дека не беше свесен дека го прави тоа. Доминираше, можеше да ве прегази“, изјави Стивен за ‘Скај спорт’.

Луис Суарез сега е играч на Атлетико Мадрид, лани со 21 гол им помогна на „јорганџиите“ да ја освојат титулата во Шпанија.

Се вчитува...