Џеси се враќа дома – ќе добие ли нова шанса на „Олд Трафорд“?

Џеси Лингард се препороди по доаѓањето во редовите на Вест Хем, забележувајќи девет голови и пет асистенции за полусезона со кои беше еден од најзначајните играчи на лондонскиот состав во походот кон Европа.

Неговиот договор со „чекичарите“ завршува на крајот на месец мај, по што се враќа во редовите на матичниот Манчестер Јунајтед, но засега нема информации дали ќе добие нова шанса на „Олд Трафорд“ или Вест Хем ќе успее да го задржи во своите редови.

„Му благодарам на манаџерот кој веруваше во мене, на целиот стручен штаб на помошта во прилагодувањето. Им благодарам на сите кои ми помогнаа да ја вратам самодовербата, на навивачите и на соиграчите. Мислам дека бевме посебна група на момци кои изгради сјајно пријателство. Играњето со нив е една од најзначајните работи во мојата кариера. Што и да ми донесе иднината, Вест Хем ќе има посебно место во моето срце“, изјави Лингард.

Договорот на 28-годишникот со Манчестер Јунајтед истекува во 2022 година, па јасно е дека доколку „црвените ѓаволи“ немаат намера да го задржат репрезентативецот на Англија во своите редови, играчот за врска ќе ги промени клупските бои.

Се вчитува...