Сопствениците на Ливерпул се согласија да продадат една третина од клубот на конзорциум во кој е вклучен милијардерот и основач на Амазон, Џеф Безос.
„Фенвеј Спортс Груп“ потврди дека склучила конечен договор за продажба на стратешка малцинска инвестиција на „1892 Холдингс“. Групата ја предводи британско-индискиот милионер Амит Батија, а го вклучува и милијардерот и коосновач на Фејсбук, Едуардо Саверин.
Батиа ќе стане потпретседател на Ливерпул и ќе се приклучи на проширениот одбор откако ќе се добие регулаторно одобрение.
Безос, основачот на гигантот за е-трговија Амазон, е четвртиот најбогат човек во светот, со проценета вредност од 256 милијарди долари.
Ова е негов прв обид во спортот, иако нема да се приклучи на одборот на директори на Ливерпул.
Сепак, Брајан Баум, основачот на компанијата „К5 Спортс“, преку која инвестира Безос, ќе се приклучи на менаџментот на клубот од Енфилд.
Исто така, се наведува дека договорот сега ќе ја промени проценката за вредноста на клубот, кој би вредел меѓу пет и шест милијарди фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
