„Џиџи Буфон може да биде се, ама пица-мајстор не“

Италијанците едвај чекаат да излезат од двомесечниот карантин, а најавите се дека владата ќе ги олабави мерките за заштита од коронавирусот од 4.мај. Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон се договори со раководството на Јувентус за нова соработка и ќе ја продолжи фантастичната кариера, а неговата животна партнерка Иларија Д’Амико откри дека во карантинскиот период не се покажал како добар пица-мајстор.

„Седиме дома, јадеме пица и се натпреваруваме кој ќе направи подобар специјалитет. И морам да кажам дека Џиџи може да биде се, но пица-мајстор не. Од него многу повкусни пици прават и децата. Напорно се труди во кујната, меѓутоа ефектот не е така добар како меѓу диреците и тој тоа самиот си го признава“, се шегува Иларија Д’Амико во разговорот за „Тутоспорт“.

Откако беше обелоденето дека Даниеле Ругани е првиот позитивен фудбалер на Covid-19 во редовите на Јувентус, а потоа и Пауло Дибала и Блес Матуиди, имало реорганизација на животот во семејството на Буфон.

„Не спиевме заедно, тој беше во тотален карантин одреден период. Потоа тестовите покажаа дека е негативен на коронавирусот и бевме среќни дека можеме да бидеме заедно. Мора да се признае и дека не е лесно да се биде затворен повеќе од 60 дена, штом ги издржавме првите десет дена сите заедно а не се „искаравме смртно“, потоа се беше полесно“, раскажува познатата водителка и партнерка на Џанлуиџи Буфон.

 

Се вчитува...