Џордан Теодор потпиша за Венеција

Американскиот кошаркар со македонски пасош Џордан Теодор, потпиша договор со италијанскиот тим Рејер Венеција. 32-годишниот Теодор практично се враќа во Италија, откако настапуваше за Олимпиа Милано во сезоната 2017-2018. Последен негов клуб му беше Уникс Казан.

Теодор е македонски репрезентативец од 2017 година кога доби македонски пасош. Играше во квалификациите за пласман на СП 2019 година.

Во минатото играше за Анталија, Гуајнабо, Мерсин, Бург, Скајлајнерс Франкфурт, Банвит, АЕК, Бешикташ и сега последно во Уникс Казан.

Се вчитува...