Џорџ го менува Казинс во „тимот на Леброн“ на НБА Олстар мечот

Кошаркарот на Оклахома, Пол Џорџ сепак и оваа година ќе биде дел од НБА Олстар натпреварот.

Џорџ ќе го замени повредениот ДеМаркус Казинс во стартната постава на „тимот на Леброн“ на Олстар спектаклот кој ќе се игра во Лос Анѓелес. 27-годишниот Џорџ, кој на почетокот од сезоната беше трејдован од Индијана во Оклахома, на тој начин ќе го запише својот петти настап на Олстар мечевите.

Покрај Џорџ и Леброн Џејмс во стартната постава на тимот кој го предводи најдобриот кошаркар на Кливленд ќе бидат уште и Ирвинг, Дурант и Дејвис.

Се вчитува...