Ентони Џошуа преживеа вистинска драма во Џеда, но на крајот успеа да стигне до победа над Кристијан Пренга со нокаут во втората рунда, иако двапати беше соборен на подот уште во воведниот дел од мечот.
Британецот настапи за првпат по тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа во Нигерија во декември, во која животот го загубија неговите блиски пријатели Сина Гами и Латиф Ајоделе.
Борбата започна шокантно за Џошуа. Пренга го испрати на подот со силен аперкат само неколку секунди по стартот, а подоцна во првата рунда уште еднаш го нокаутираше. Во тие моменти изгледаше дека Албанецот е на чекор до сензационална победа која ќе ја разниша тешката категорија.
Сепак, поранешниот светски шампион успеа да се врати во мечот, да ја преземе иницијативата и во втората рунда да стави крај на дуелот со моќен нокаут, со што ја запиша својата 30. победа во професионалната кариера, од кои дури 27 се со нокаут.
По мечот, Џошуа емотивно зборуваше за трагедијата што ја преживеал.
„Ова не беше само сила. Тоа беше духот на моите пријатели, нивните семејства… Тешко ми е да зборувам за тоа“, изјави Британецот, кој во еден момент се оттурна од микрофонот, совладан од емоциите.
За Кристијан Пренга, кој влезе како аутсајдер во оваа борба, поразот во Џеда е втор во неговата професионална кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
