Ди Марија доаѓа на „Камп Ноу“ како дел од трансферот на Нејмар во ПСЖ?

Мегатрансферот на Бразилецот Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен е се поизвесен, и прашање е веќе на ден кога истиот ќе се реализира. Ќе ги урне сите можни рекорди, и нормално е што светската фудбалска јавност е обземена со најавеното заминување на Нејмар од „Камп Ноу“. Но, неговата преселба би можела да доведе и до нова преселба, во спротивна насока. Анхел Ди Марија да пристигне на „Камп Ноу“.

Тоа исто така би бил спектакуларен трансфер, затоа што поранешниот член на Реал Мадрид би го облекол дресот на Барселона. Тој по заминувањето од „кралскиот клуб“ имаше клаузула, според која не смееше да потпише за Барселона, но таа истекува токму ова лето.

Покрај Ди Марија, ПСЖ најверојатно ќе ги продаде и Блес Матуиди и Лукаш Моура, за да компензира барем дел од огромната финансиска сума, со која треба да се затвори трансферот на Нејмар.

Се вчитува...