Ди Марија: Подобро од ова не може никој…

Анхел ди Марија им одговори на своите критичари со перфектно издание на дуелот со Барселона, најважниот натпревар за „светците“ досега оваа натпреварувачка сезона. Аргентинецот по мечот не го криеше воодушевувањето од играта и настапот на својот тим, оценувајќи го како „фудбалска перфекција“.

Не можевме да замислиме ништо повеќе, подобро од ова не може да одигра никој. Ја победивме Барселона со 4-0, и тоа на мојот роденден, чувството е неверојатно. Ова беше фудбалска перфекција, нормално е да сме пресреќни и да прославиме, но знаеме дека и Барса е способна да постигне четири гола на реваншот, така што никако не смееме да помислиме дека се е завршено“ – изјави Ди Марија веднаш по големата победа.

Се вчитува...