Дибала даде гол, па не славеше – поглед кон трибината што кажува се (видео)

Пауло Дибала е во центарот на вниманието на  италијанската јавност вечерва откако Аргентинецот постигна гол за водство против Удинезе, но одби да го прослави овој погодок. Наместо славје, тој упати остар поглед кон директорската ложа каде се наоѓаше Павел Недвед.

Причината е добро позната – новиот прекин на преговорите за нов договор, по кои Дибала би можел летово како слободен играч да си замине од Јувентус.

Двете страни се договорија за продолжување на соработката, но челниците на Јувентус во последен момент решија да ја намалат понудата, фрустрирајќи го аргентинскиот голгетер.

Се вчитува...