Дибала и Ругани негативни на првиот тест за Covid-19, но вториот мистериозно исчезнал

Двајцата фудбалери на Јувентус, Пауло Дибала и Даниеле Ругани, се негативни на првиот тест за Covid-19, но вториот кој треба да потврди дека конечно го победиле коронавирусот мистериозно исчезнал, пишуваат медиумите во Италија. Ќе мора уште еднаш да ја повторат постапката пред и конечно да добијат потврда дека се излекувани и можат слободно да продолжат со тренинзите.

Дибала мина неколку процедури. Тој заедно со девојката се тестираше и претходно, но токму вториот тест покажа дека и понатаму се позитивни на Covid-19 и останаа во строг карантин дополнителни 14 дена, лекувајќи се од вирусот што го нападна целиот свет.

Даниеле Ругани е првиот фудбалер во Серија А кој заболе од коронавирусот. Тој на 11. март објави дека е позитивен, по што веднаш и целиот тим на Јувентус замина во изолација. Дел од фудбалерите на „старата дама“, пред се странците, во меѓувреме и ја напуштија Италија, но Дибала остана во Торино.

 

 

Се вчитува...