Дибала: Не знаев дека фудбалот може толку да ми недостига

Пауло Дибала мина повеќе од еден месец во борба со коронавирусот, последниот тест конечно му беше негативен, но Аргентинецот се уште не може да стартува со тренинзите, макар и индивидуални во својот дом.

„Имам чувство дека ми е потребен тренинг, да ги видам тренерите и соиграчите, барем да ја допрам топката за момент. Чувствувам потреба да ги облечам копачките и да трчам, да постигнам гол. Да бидам искрен, никогаш не ни помислив дека може да се случи фудбалот толку да ми недостига“, вели Дибала.

Асот на Јувентус е изненаден од предолгата пауза на сите спортски активности.

„Мина премногу време без тренинг, дури и денеска не знаеме кога точно ќе се вратиме. Ова не е одмор, да знаеш колку одмараш и кога пак ќе тргнеш со тренинзи и натпревари. Сепак, долгата изолација ме натера да пробам нови работи, па така си најдов нова страст – јога. Ми се допаѓа и увидов дека може многу да ми помогне“, истакна Пауло Дибала.

 

Се вчитува...