Од кампот на француската фудбалска репрезентација објавија дека Дидие Дешам, селекеторот на актуелниот светски вицешампион, се вратил во кампот откако беше во Франција на неколку дена поради смртта на неговата мајка.
„Дидие е со нас“, објави Француската фудбалска федерација (ФФФ).
Поради погребот на неговата мајка, Дешам ја пропушти победата од 4-1 против Норвешка, со која Франција го освои првото место во Група И, и ќе игра против Шведска во осминафиналето во вторник во 23 часот по средноевропско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
