Диего Коста потпишува нов петгодишен договор со Челси

Бразилецот со шпански пасош Диего Коста постигна договор за нова петгодишна соработка со англискиот премиерлигаш Челси. Тој доби значително зголемување на неделната плата и во иднина ќе заработува по 220.000 фунти седмично. Тоа значи дека во следните пет години ќе инкасира 57 милиони фунти, а со дополнителните бонуси оваа цифра може да се искачи и до 65 милиони фунти.

Диего Коста беше на прагот на заминување во Кина, откако клубот Тианјин кванјин му понуди годишна плата од 30 милиони фунти. Меѓутоа, на крајот тој ја одби оваа баснословна сума и одлучи да остане на „Стемфорд бриџ“, иако во тој период имаше и мали несогласувања со менаџерот Антонио Конте и раководството на клубот. Сепак, Диего Коста се врати во составот, а сега доби и нов петгодишен договор со ревидирани услови.

Челси се уште официјално ја нема потврдено оваа информација, но се очекува тоа да биде сторено во следните неколку дена.

Се вчитува...