Димитар Димитриоски е новото засилување на РК Вардар

Европскиот ракометен шампион Вардар во своите редови го донесе еден од најдобрите млади македонски ракометари, Димитар Димитриоски. Димитриоски потпиша двегодишен договор со „црвено-црните”.

Димитриоски има искуство со настапите во регионалната СЕХА  лига и во Лигата на шампионите каде настапуваше за Металург. Сезонава го освои Купот на Македонија, а беше и дел од репрезентацијата на Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020. Димитриоски требаше да настапи и на последното СП 2019 година, но поради повреда на последниот тренинг пред тргнување отпадна од комбинација.

„ Вардар секогаш сакал во своите редови да има млади, перспективни и не афирмирани ракометари. Тимот им дава шанса за напредување и за покажување на својот квалитет. Димитриоски не е само талентиран туку и квалитетен играч. Младоста е негова предност, и очекуваме истата посветеност со која и досега играше да биде негова препознатливост. Вардар ќе му даде шанса, и очекуваме дека истата ќе ја искористи. Пред клубот се нови предизвици и со новите сили заеднички да продолжиме со добрите настапи, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Се вчитува...